Роден е на 14 јуни 1873 година во Охрид. По завршувањето на Духовната семинарија во Цариград, извесно време работел како учител во Охрид, каде го формира првиот ученички хор во храмот „Св.Богородица Перивлепта“. Во 1900 година влегува во редовите на ВМОРО. Од јануари 1902 одина е член на Охридскиот околиски револуционерен комитет.
За време на Илинденското востание тој бил член на Горското раководство за Охридскиот револуционерен реон.
По востанието бега во Арад, Австро-Унгарија, по што заминува за Бугарија. Најпрвин со семејството за кратко се сместува во с.Видраре, Тетевенско, каде што е учител, а потоа оди во Балчик, каде штои бил ракоположен за свештеник.Од 1913-1926 година е свештеник во Преслав, а од 1927 година до неговата смрт во 1949 година свештеник во Софија. |